Жена вреска, додека маж ја киднапира- полицијата во Вичита бара помош (ВИДЕО)

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена вреска, додека маж ја киднапира- полицијата во Вичита бара помош (ВИДЕО)

Инцидентот, кој ги остави локалните жители во шок, се случил рано наутро во неделата и бил снимен од надзорна камера.

Властите објавија фотографии и вознемирувачко видео од жената, кое е направено околу 2 часот наутро во неделата, 12 октомври. Снимката од 20 секунди прикажува неидентификуван маж како ја влече жената од нејзината влезна врата додека таа вреска за помош. Видеото е снимено на безбедносна камера во блиска куќа.

Истражителите рекоа дека го подобриле аудиото во видеото за да го намалат фоновиот шум со надеж дека некој ќе го препознае гласот на жената. Досега, ниту жената ниту мажот на видеото не се идентификувани, а полицијата побарала помош од регионалните и федералните агенции.

„Работевме деноноќно на оваа истрага, следејќи бројни траги и ја цениме помошта од јавноста“, соопшти полицијата на социјалните мрежи.

Тие апелираа до јавноста внимателно да ја прегледа снимката и да се јави со какви било информации.

„Вашата помош е клучна за обезбедување на нејзината безбедност“, додадоа тие, според „Фокс њуз“.

Инцидентот предизвика загриженост кај жителите. Една жена рече дека е особено загрижена за ситуацијата, особено за младите жени во областа.

„Опасно е. Точно е. Но, секогаш, верувам дека секогаш имало киднапирања“, изјави таа за локалните медиуми, додавајќи дека никогаш не била сведок на нешто слично во нејзината населба.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата