Жена отпатувала на липосукција во Рим, починала набргу по интервенцијата

11.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена отпатувала на липосукција во Рим, починала набргу по интервенцијата

Липосукцијата, извршена во недела попладне, била прекината поради компликации, по што жената била итно префрлена во болницата Поликлинико Умберто I, каде што лекарите безуспешно се обиделе да ја реанимираат.

Обвинителството во Рим отвори истрага против три лица, вклучувајќи хирург, анестезиолог и медицинска сестра, за убиство од небрежност.

Приватната клиника, која немала лиценца за спроведување на процедурите, на периферијата на Рим, е затворена, додаде италијанската агенција, објави Анса.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата