Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди јужниот италијански регион Базиликата

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди јужниот италијански регион Базиликата

Земјотресот се случил на шест километри од градот Валио во провинцијата Потенца, на длабочина од 14,3 километри. Тoj бил почувствуван и во провинцијата Матера.

Како мерка на претпазливост, учениците од локалните училишта беа евакуирани. Многу вработени ги напуштија своите канцеларии и излегоа на улиците во градовите во провинциите Потенца и Матера.

Засега нема извештаи за жртви или причинета материјална штета.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата