-Русија секој ден ја напаѓа Украина со беспилотни летала, проектили и бомби, рече тој денеска во изјавата на својот канал на комуникациската платформа Телеграм.
Русија во текот на минатата недела ја нападна Украина со околу 50 проектили, речиси 660 дронови и повеќе од 760 крстосувачки бомби, рече тој.
-Русија нема да застане сама по себе. Светот мора да го принуди да ја запре оваа брутална и неиспровоцирана агресија, рече Зеленски.
„Зајакнувањето на нашата одбрана е апсолутно неопходно. Ни треба подобра заштита: системи за противвоздушна одбрана, оружје со долг дострел и притисок од санкции“, додаде тој./МИА