Полицијата во Сасекс упаднала во рекреативното игралиште Гринлис во Брајтон во саботата, викајќи на младите да се спуштат на земја и да го спуштат своето „оружје“. Службениците за безбедност, наводно, сфатиле дека пиштолите се играчки , дури кога самите испукале куршуми од пена.
Една од нивните мајки тврдела дека нејзиниот син бил истрауматизиран од однесувањето на полицијата, пишува Дејли мејл.
"Мојот син е многу потресен. Не сака повеќе да игра во парк. Бев многу исплашена. Беше неверојатно. Можам само да замислам како се чувствуваа момчињата во тој момент", вели Анета, мајка на еден од двете момчиња за Би-Би-Си.
Таа додаде дека нејзиниот 13-годишен син сега има потешкотии да заспие и мисли дека можеби му треба советување.
Според Дејли Телеграф, пријателите си играле во парк кога биле опкружени од дури 10 полицајци и најмалку пет полициски автомобили по пријава за „сомнително огнено оружје“. Полицијата потоа се упатила кон момчињата и почнала да вика.
Според зборовите на мајката, момчињата ги фрлиле играчките на земја и извикувале „Тоа е само лажен пиштол, тоа е само пиштол Нерф“. Мајката дури кога се вратила од работа дознала за инцидентот и затекнала полицаец како разговара со нејзиниот партнер.
"Мислам дека тоа беше малку претерување. Всушност изгледаше како американски акционен филм", додала мајката.
„Полицијата прими пријава за млади луѓе за кои постои сомневање дека поседуваат огнено оружје во Ханглтон Вај околу 17:30 часот во саботата, 25 јануари“, соопшти полицијата во Сасекс, додавајќи дека е утврдено дека мажите биле деца кои си играат.
Полицијата ја потсети јавноста дека предметите требало да бидат двобојни за „јасно да се разликуваат од нелегалното огнено оружје“.