Од информациите добиени од разузнавачките служби, можеме да видиме дека путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната. Напротив, постојат изобилство докази дека подготвуваат нови офанзивни операции, оцени Зеленски, потенцирајќи дека големите напади на руските сили врз украинските градови со балистички и крстосувачки ракети и повеќе од 900 дронови во текот на изминатите три дена биле воено бесмислени. Коментирајќи ги последните руски напади, американскиот претседател Трамп вчера рече дека Путин целосно полудел, а на Зеленски му порала дека премногу зборува и дека било подобро да престане.