ЕУ одобри одбранбен фонд, вреден 150 милијарди евра

27.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ одобри одбранбен фонд, вреден 150 милијарди евра

Одобрувањето од страна на министрите е последниот правен чекор во воспоставувањето на фондот „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која е поддржана од заедничко задолжување од ЕУ и ќе доделува кредити на европските земји за заеднички одбранбени проекти, објави Франс 24.

Европската комисија го предложи фондот во март, бидејќи меѓу европските лидери растеа стравувањата и сомневањата дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да застане во одбрана на Европа во случај на потенцијален напад.

Алармирани од руската инвазија на Украина и стравувајќи дека би можеле да бидат следната цел на Москва, земјите од ЕУ веќе ги зголемија трошоците за одбрана за повеќе од 30 проценти во последните три години, но лидерите на ЕУ тврдат дека тоа не е доволно.

Иницијативата SAFE има за цел да ги сруши националните бариери преку финансирање на заеднички проекти меѓу земјите од ЕУ и силно препорачува купување на европско оружје, со цел зајакнување на одбранбената индустрија во Европа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата