Зеленски во саботата разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, а се очекува денеска во Лондон да се сретне со францускиот, британскиот и германскиот лидер. Планирани се и дополнителни разговори во Брисел.
- Американските претставници ги знаат основните украински ставови, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. „Разговорот беше конструктивен, иако не и лесен“, додаде тој.
Трамп рече дека ставањето крај на руската војна во Украина, која сега се приближува до својата четврта година и е најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, останува негов најтежок надворешнополитички предизвик.
И покрај американското посредување и повремените контакти на високо ниво, напредокот во мировните преговори е бавен, а споровите околу безбедносните гаранции за Киев и статусот на териториите под руска окупација сè уште не се решени.
Москва вели дека е отворена за преговори и ги обвинува Киев и Западот за блокирање на мирот, додека Украина и нејзините сојузници велат дека Русија одолговлекува и ја користи дипломатијата за да ги зацврсти своите придобивки.

