Зеленски на прес-конференција во Киев рече дека Украина никогаш нема да ја признае окупираната територија како руска и дека не знае што точно разговарале американските и руските претставници на неодамнешните разговори во Москва, пренесуваат британските медиуми.
На состанокот на украинската и американската делегација во Џеда во вторникот, Украина објави дека прифаќа 30-дневно примирје, а рускиот претседател Владимир Путин рече дека се согласува со предлогот, но дека „има нијанси“. /МИА