Зеленски по разговорот на Трамп и Путин: Идните разговори без Киев нема да дадат резултати

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски по разговорот на Трамп и Путин: Идните разговори без Киев нема да дадат резултати

Тој најпрво рече дека се надева оти Трамп ќе го информира за деталите од разговорите, но додаде дека го поддржува предлогот за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура на 30 дена.

Тој рече дека Украина ќе ги поддржи сите идеи кои водат кон стабилен и праведен мир, но дека безусловен прекин на огнот ќе биде подобар чекор напред.

„Идните разговори без Украина на маса нема да донесат резултати“, рече Зеленски.

Зборувајќи за руската понуда за ослободување на 23 тешко ранети украински војници, тој рече дека ослободувањето на сите затвореници ќе биде вистинскиот начин Русија да покаже дека е сериозна за мировните преговори. Како одговор на барањето на Путин да ја прекине целата странска воена помош и размена на разузнавачки информации, Зеленски рече дека сојузниците на Украина никогаш нема да се согласат на таков потег и дека се надева дека испораката на оружје ќе продолжи.

Зеленски додаде дека ова барање е само обид на Путин да ја ослабне Украина. Украинскиот лидер исто така рече дека неговите сили оцениле дека Русија подготвува нови офанзиви во неколку региони - Суми, Харков и Запорожје во обид да го зголеми притисокот врз Киев.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата