Зеленски објави видео кое открива многу за украинската војска

16.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски објави видео кое открива многу за украинската војска

„Поголемиот дел од операциите се уште се во тек, па затоа ова видео прикажува само дел од нашите резултати. Беа погодени хидроавионот амфибиски Бе-200, хеликоптерот Ка-27, товарен брод со муниција, ракетниот систем земја-воздух Панцир-С1 и артилерискиот систем, како и ракетниот систем земја-воздух Тор, комуникациската единица Редут-2УС, беспилотни летала и многу други цели“, напиша Зеленски покрај видеото.

Тој додаде дека украинското оружје со долг дострел, исто така, погодило руски нафтени постројки и бродови, и дека растојанието поминато од фронтовската линија било речиси 1.000 километри.

„Ова е наш целосно оправдан одговор на она што го прават Русите. Ќе продолжиме да го зголемуваме и дострелот и обемот на нашите напади. Им благодарам на сите што работат на зајакнување на нашата сила, како и на сите војници на нашите вооружени сили, безбедносните служби и нашите разузнавачки агенции за нивната прецизност“, заклучи Зеленски во пораката.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата