Зеленски објави снимка: Заробивме двајца Кинези, се бореа на руска страна (ВИДЕО)

8.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски објави снимка: Заробивме двајца Кинези, се бореа на руска страна (ВИДЕО)

Според него, украинската војска се судрила со вкупно шест Кинези, од кои двајца завршиле во заробеништво. Зеленски додаде дека побарал објаснување од Пекинг.

„Имаме информации дека во редовите на окупаторските сили има значително повеќе кинески државјани од тие двајца. Во моментов се обидуваме да ги дознаеме сите релевантни факти“, рече Зеленски. Тој додаде дека заробените мажи со себе имале документи кои можат да го потврдат нивниот идентитет.

Кина е еден од најважните партнери на Русија, а западните земји долго време ја обвинуваат дека и помага на Москва во војната против Украина. Пекинг цврсто ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека не доставува оружје за руските сили.

Руското вклучување на Кина во оваа војна, било директно или индиректно, е јасен знак дека Путин не сака да го прекине конфликтот. Напротив, тој бара нови начини за негово продолжување“, изјави украинскиот претседател.

Зеленски тврдеше дека Кина со тоа застанала на страната на Русија во нејзината агресија против Украина и нагласи дека очекува реакција од САД.

Украина го покани кинескиот дипломат на итен состанок

Украинскиот министер за надворешни работи објави дека го повикал кинескиот дипломат во министерството за да побара објаснување. Андриј Сибиха на платформата Х напиша дека учеството на кинеските граѓани „како дел од руската инвазиска армија“ ја доведува во прашање официјалната кинеска позиција за залагање за мир. Тој додаде дека таквото однесување „го оштетува кредибилитетот на Пекинг како одговорен постојан член на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

Странски борци од различни националности веќе се приклучија на руската армија за време на конфликтот, главно мотивирани од големи парични ветувања. Сепак, тоа не значи дека нивните матични земји официјално учествуваат во војната.

Северна Кореја, на пример, според украински и западни извори, испратила илјадници свои војници да ја поддржат Русија. Синоќа и Зеленски за првпат официјално потврди дека украинските сили се присутни на територијата на руската област Белгород. „Тие постапки се праведни“, рече тој. „Војната мора да се врати таму каде што започна.“

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата