Зеленски: Не им ја гарантирам безбедноста на светските лидери во Москва на 9. мај

3.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Не им ја гарантирам безбедноста на светските лидери во Москва на 9. мај

Зеленски, како што објави УНИАН, инсистира на 30-дневен прекин на огнот.

За време на разговорот со новинарите, претседателот изјави дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.

Според него, моделот на прекин на огнот од 30 дена е најоптимален, бидејќи е невозможно да се договори нешто за неколку дена.

Тој исто така додаде дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.

„Се согласувам со Трамп дека 30-дневното примирје со Русија е вистинскиот прв чекор“, рече претседателот.

Тој, исто така, истакна дека, доколку се донесе одлука за прекин на огнот во траење од еден месец, прашањето за мониторингот мора брзо да се реши.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата