Се удавил додека ги спасувал синот и внукот од морските струи- сите тагуваат по херојот

3.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се удавил додека ги спасувал синот и внукот од морските струи- сите тагуваат по херојот

Семејството на Џошуа Кертис, херој и поранешен припадник на американската армија, тагува по неговата ненадејна смрт на 24 април 2025 година. Според достапните информации, Кертис влегол во водата кога две деца се нашле во опасност поради силните бранови на плажата Мејн во Фернандина Бич, Флорида.

Според полицискиот извештај, кога полицајците пристигнале на местото на настанот, успеале да извлечат две деца од водата пред да го пронајдат удавениот Куртис без знаци на живот, објавува „Фернандина Обзервер“. Тој бил однесен во локална болница, каде подоцна бил прогласен за мртов.

Врз основа на истрагата и изјавите на сведоците, полицијата соопшти дека е неизвесно дали Куртис веќе бил во водата во времето на инцидентот или влегол дури кога ги видел децата во неволја, објави списанието „Пипл“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата