Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери бил конструктивен

10.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери бил конструктивен

Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.

Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.

„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата