Зеленски го формира преговарачкиот тим за можни мировни преговори

15.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски го формира преговарачкиот тим за можни мировни преговори

Како што се наведува, шефот на кабинет на претседателот на Украина Андриј Јермак, шефот на дипломатијата Андриј Сибиха, министерот за одбрана Рустем Умеров и заменик-шефот на претседателскиот кабинет Павло Палис се во тимот за разговори со украинските „меѓународни партнери“.

Четворицата официјални лица беа дел од делегацијата на Украина на разговорите во Саудиска Арабија со САД во вторникот, кои завршија со предлог за 30-дневен прекин на огнот. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата