Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Зеленски ги посети војниците на фронтот во близина на Бахмут

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Украинските сили во Бахмут се спротивставуваат на руските напади осум месеци и покрај големите жртви во една од најкрвавите битки од почетокот на руската инвазија пред 13 месеци.

Зеленски им додели медали на исцрпените војници во борбена опрема во нешто што изгледа како голем магацин. „Чест е да се биде овде денес и да се доделат награди на нашите херои. Да им подадеме рака и да им се заблагодариме што го бранат суверенитетот на нашата земја“, напиша Зеленски на Телеграм.

„Вашата судбина е тешка, но херојска. Да ја одбраниме нашата земја и да ѝ вратиме сè на Украина за нашите деца“, рече Зеленски, додавајќи дека „се поклонува пред сите херои, нивните блиски соборци кои ги загубија на исток и воопшто во оваа војна“.

Тој рече дека „Тврдината Бахмут“ е симбол на пркос, поради што крвави руската армија. Ова е алузија на битката кај Бахмут во Првата светска војна, која се водеше во ровови, под постојан артилериски и ракетен оган, на фронт расфрлан со мини, и која командантите од двете страни ја опишаа како „мелница за месо“.

Зеленски веќе неколку пати ги посетил војниците на бојното поле. Тој отиде во Бахмут неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин го посети Мариупол.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ