Заврши тримесечната потрага по британска новинарка- ја нашле во хостел во Бразил (ВИДЕО)

4.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заврши тримесечната потрага по британска новинарка- ја нашле во хостел во Бразил (ВИДЕО)

Шарлот Алис Пит, 32, беше пријавена како исчезната откако нејзиното семејство во Обединетото Кралство пријави дека изгубиле контакт со неа, јавува Би-Би-Си.

Кон крајот на февруари беа објавени снимки од надзорните камери на хостелот во Рио де Жанеиро, каде што се пријавила на 17 февруари. Здружението на странски дописници во Бразил (ACIE) објави соопштение во кое изразува загриженост поради нејзиното исчезнување.

„Таа изјави дека не сака контакт со членовите на семејството“

Во понеделник, бразилската полиција изјави за Би-Би-Си дека Пит била пронајдена уште во март во хостел во Сао Паоло и дека таа рекла дека не сака да има контакт со членовите на семејството.

„Затоа, истрагата за исчезнувањето е затворена“, изјави портпаролот на Граѓанската полиција на Федералната држава Рио де Жанеиро. Во времето на нејзиното исчезнување, се верува дека последен пат контактирала со пријател на 8 февруари и рекла дека е во Сао Паоло и дека планира да патува во Рио де Жанеиро. Оттогаш, таа не одговорила.

Неколку дена подоцна, нејзиното семејство од Велика Британија ја известило пријателката дека повеќе не можат да ја контактираат и ѝ ги доставиле на полицијата деталите за нејзиниот лет и копија од нејзиниот пасош за да помогнат во потрагата.

Според нејзиниот профил на LinkedIn, Пит работела како новинарка  во Рио и Лондон за медиуми како што се Ал Џезира и Тајмс.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата