„Ја осудуваме оваа одлука и бараме најостро да се повлече веднаш“, рекоа министрите за надворешни работи на тие земји.
Проектот за изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег има за цел да ја подели палестинската територија на два дела, спречувајќи секаков територијален интегритет на идната палестинска држава.
Мерките што ги презема израелската влада „ја компромитираат нашата заедничка волја да обезбедиме безбедност и просперитет на Блискиот Исток“, истакнуваат шефовите на дипломатиите на 21 земја.
Меѓу нив се Австралија, Белгија, Канада, Данска, Естонија, Финска, Франција, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Латвија, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Словенија, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство. Соопштението го потпиша и шефот на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас.
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрих, крајно десничарска фигура, вчера повика на забрзување на планот и анектирање на Западниот Брег, кој Израел го окупираше во 1967 година, како одговор на неколку земји кои објавија дека ќе ја признаат палестинската држава. Со исклучок на Источен Ерусалим, кој Израел го анектираше, Западниот Брег е дом на речиси три милиони Палестинци, заедно со околу 500.000 Израелци во населби што ОН ги смета за нелегални според меѓународното право.