Според соопштението на полицијата, итната помош прво била повикана во домот откако жена пријавила дека нејзиниот партнер се однесува чудно откако претходно користела дрога. Таа рече дека имал пиштол со себе и се заклучил во собата со нивното едногодишно дете, објави Пипл.
Неколку минути подоцна, диспечерот добил уште еден повик дека имало пукање во близина на местото каде што се наоѓа куќата и дека биле повикани од роднина на жената која претходно им се јавила.
Полицијата соопшти дека роднината отишла да го земе малото дете, се обидела да го спаси, а вооружениот маж станал агресивен и пукал во него.
„Роднината отишол дома без детето и повикал полиција, се здобил со полесна повреда и одбил лекарска помош на местото на настанот“, се вели во полициското соопштение.
Полицијата потоа отишла во куќата каде мажот се забарикадирал со синот за да се обиде да ја смири ситуацијата.
Кога пристигнала полицијата, мажот испукал четири куршуми низ вратата.
„Полицајците слушнале дете како плаче внатре, но не можеле да го видат“, се вели во соопштението.
Поради деликатноста на ситуацијата, полицијата побарала специјален тим за решавање на заложнички кризи, а било донесено и специјално тактичко оклопно возило.
Тие потоа со алат ја скршиле вратата зад куќата, фрлиле солзавец, но осомничениот одбил да се предаде и се качил на катот со детето.
„Забележан е како ѝ приоѓа од влезната врата. Во едната рака држеше пиштол, а во другата дете“, соопшти полицијата.
Во еден момент почнал да излегува надвор и да оди кон автомобилот. Во едната рака држел вперен пиштол кон полицајците, а во другата дете.
Полицаецот пукал и го убил, но момчето останало неповредено.
Детето превентивно било пренесено во болница на детален преглед, а известен е и Центарот за социјална работа.