Захарова: Западот нема контрола врз испораките на оружје за Украина

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Захарова: Западот нема контрола врз испораките на оружје за Украина

 Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Западот нема контрола врз испораките на оружје за Украина, нагласувајќи дека овие испораки се дел од пошироката иницијатива во рамките на хибридната војна со Русија.

-Нема договорни обврски. Тоа е исклучиво иницијатива што се спроведува во контекст на хибридна војна против нас. На Западот дури и не му е грижа каде води тоа во оваа фаза. Тие немаат контрола врз испораките на оружје за Украина, изјави Захарова за руските медиуми.

Нејзината изјава доаѓа откако американската телевизиска станица Ен-Би-С објави дека САД ја суспендирале испораката на оружје и муниција за Украина, вклучувајќи десетици пресретнувачи Патриот, повеќе од сто ракети Хелфајр и десетици ракети Стингер.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата