Захарова: Повеќе од 8.000 Сиријци најдоа засолниште во руската воена база Хмејмим

13.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Захарова: Повеќе од 8.000 Сиријци најдоа засолниште во руската воена база Хмејмим

-Руската воздухопловна база Хмејмим ги отвори вратите за локалните жители кои бараа спас, едноставно сфаќајќи дека ова е прашање на живот и смрт. И нашата војска засолни повеќе од 8.000 луѓе, истакна портпаролката на руското дипломатско одделение.

Таа истакна дека Москва е шокирана од настаните во Сирија и се надева дека одговорните за насилството ќе бидат казнети.

Захарова додаде дека Русија прави се што е можно за да ја обезбеди безбедноста на Русите и нејзините објекти во Сирија во светло на влошувањето на воената и политичката ситуација во таа земја.

-Обезбедувањето на безбедноста на руските граѓани и руските објекти во оваа земја е апсолутен приоритет и  за таа цел ги одржуваме потребните контакти со сегашните сириски власти. Во оваа фаза немам информации за конкретни случаи поврзани со тоа дали имало или не жртви меѓу руските граѓани во Сирија, рече таа. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата