Захарова: Главниот резултат од Самитот на Г7 е признавањето на штетата од антируските санкции

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Захарова: Главниот резултат од Самитот на Г7 е признавањето на штетата од антируските санкции

Главниот резултат од Самитот на Г7 е признавањето на огромната штета предизвикана од антируските санкции и ударот кој со тоа западните земји си го нанесоа себеси, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Главниот резултат од состанокот на Г7 беше признавањето на повеќе милијардерската штета предизвикана од антируските санкции“, наведе Захарова во објава на Телеграм.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на маргините на самитот во Канада изјави дека не сака да ги заостри санкциите против Русија, бидејќи тоа ги чини САД многу пари, и дека станува збор за „милиони и милијарди“. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата