Загинаа двајца италијански планинари на Алпите- телата им биле лоцирани со хеликоптер

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Загинаа двајца италијански планинари на Алпите- телата им биле лоцирани со хеликоптер

Маж и жена загинале во несреќа на планинскиот врв Касторе, објави агенцијата Анса.

Спасувачкиот тим на регионот Вале д’Аоста успеа да ги извлече нивните тела во текот на попладневните часови.

Екипите беа алармирани утрово откако никој не можел да воспостави контакт со двајцата планинари кои ја поминале ноќта во планинскиот дом Кинтино Села.

Нивните тела биле пронајдени од хеликоптер, објави Анса. Истрагата за инцидентот на Алпите ја презеде полицијата од градот Червинија, која ќе ги утврди сите околности на несреќата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата