Втор ден од трилатералните преговори за завршување на војната во Украина

18.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Втор ден од трилатералните преговори за завршување на војната во Украина

Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф изјави дека вчера е остварен „значителен напредок“.

- Успехот на претседателот Трамп во спојување на двете завојувани страни доведе до значителен напредок и се гордееме дека работиме под негово водство за да го запреме убивањето во овој ужасен судир. Двете страни се согласија да ги информираат своите лидери и да продолжат да работат на постигнување на договор - објави Виткоф на платформата „Икс“.

Главниот украински преговарач Рустем Умеров на „Икс“ наведе дека првиот ден од преговорите бил насочен „на практични прашања и НА механизмите за можно решение“. Тој најави дека денеска ќе продолжат политичките и воените групи.

Умеров ИМ се заблагодари на „американските партнери на конструктивниот ангажман“.

Руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека вчерашните преговори се одржале во разни билатерални и трилатерални формати. Преговорите, според изворот, биле тензични и траеле шест часа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата