Иран и Русија утре ќе одржат заеднички поморски вежби

18.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран и Русија утре ќе одржат заеднички поморски вежби

Маневрите, како што се наведува, ќе се одржат само неколку дена откога Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) почна воени вежби во Ормутската Теснина.

„Меѓу главните цели на оваа заедничка вежба е да се изгради компатибилност и координација во заедничките мерки за спротивставување на активностите што ја загрозуваат поморската безбедност и сигурност..., како и во борбата против поморскиот тероризам“, изјави командантот на иранската морнарица, Хасан Магсудлу. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата