Рочиштето денеска ќе се одржи зад затворени врати.
Министерството за правда поднесе барање „Меморијал“ да биде прогласена за екстремистичко меѓународно движење и да се забранат нејзините активности во Русија, пренесе ДПА, повикувајќи се на руските државни медиуми.
Основана во 1989 година, оваа организација се залага за истраги на советските злосторства и заштита на човековите права во Русија.
Руските власти веќе некое време преземаат мерки против „Меморијал“, потсетува германската агенција .
По контроверзна судска одлука во 2021 година беа распуштени централните структури на „Меморијал“ во Москва, а многу нејзини членови беа принудени да заминат во егзил.
„Меморијал“ соопшти дека најновиот чекор на руските власти се заканува да криминализира многу волонтери, поддржувачи и донатори во Русија.
„Меморијал“ ја освои Нобеловата награда за мир во 2022 година, делејќи ја со лауреати од Украина и Белорусија, потсетува ДПА.

