Во извештај на севернокорејската државна агенција KCNA се посочува дека Пјонгјанг тестирал и бомби изработени од јаглеродни влакна и електромагнетни оружја наменети за онеспособување електрична инфраструктура, како што се далноводи и системите за напојување.
Таквите тврдења на Пјонгјанг не се потврдени од независни извори.
Јужнокорејската армија синоќа соопшти дека регистрирала повеќе лансирања од Северна Кореја, вклучително и балистички ракети со краток дострел со траектории на лет од 240 до 700 километри. Советот за безбедност на ОН со резолуција и забрани на Северна Кореја такви ракетни тестови.
Касетната муниција е оружје што распрснува стотици помали експлозивни направи на широка површина, и како неселективно оружје има далекусежни негативни последици врз цивилното население. Со Меѓународна конвенција од 2010 година е забрането употребата на таква муниција, но Северна Кореја не е потписник на документот.
Кина од друга страна соопшти дека министерот за надворешни работи Ванг Ји од денеска ќе престојува во посета на Северна Кореја, додавајќи дека Пекинг е подготвен да ги продлабочи односите со Пјонгјанг.

