Воени претставници на Кина и САД се сретнаа во Шангај

4.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Воени претставници на Кина и САД се сретнаа во Шангај

„Воени претставници од Соединетите Држави отпатуваа во Шангај, Кина, на работни разговори на ниско ниво со цел да се намалат случаите на небезбедни и непрофесионални дејствија од страна на морнарицата и воздухопловните сили на Кинеската Народноослободителна армија“, се вели во соопштението на американската војска, пренесе Ројтерс.

Полугодишните разговори, познати како работна група за воено поморски консултативен договор (MMCA), се одржаа оваа недела, се додава во соопштението.

Соединетите Американски Држави долго време изразуваат поплаки за опасното летање и пловење на кинеската војска во регионот.

Кинеската војска во средата ги заврши дводневните воени вежби околу кинескиот регион Тајван, кои вклучуваа вежби со боева муниција со долг дострел во Источното Кинеско Море.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата