Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам

Според министерот Мемишоглу, кој ги објави бројките на социјалните мрежи, пријави за повреди се регистрирани во секоја од 81-те покраини во Турција. Најголем број случаи е пријавен во Анкара - 1.049 повредени, Истанбул - 753, Коња - 655, Газиантеп - 634 и Маниса - 572.

Министерот апелираше до граѓаните на Курбан Бајрам да ги остават жртвувањата животни на професионалци, нагласувајќи ја важноста од следење на безбедносните упатства за спречување повреди. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата