Во Шпанија се апсат сѐ повеќе малолетници- главниот виновник е ТикТок

28.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Шпанија се апсат сѐ повеќе малолетници- главниот виновник е ТикТок

„Минатата година, 15 малолетници беа уапсени под сомнение за учество во терористички активности, што е повеќе од двојно во споредба со 2023 година, а ова е зголемување од 150 проценти за само една година“, се вели во извештајот, според порталот 20 минути.

Додадено е дека „овој тренд не запрел ниту оваа година“, бидејќи во првата половина од 2025 година, безбедносните сили уапсиле седум малолетници поврзани со џихадизмот.

Зголемувањето е очигледно во споредба со претходните години, бидејќи помеѓу 2017 и 2022 година биле уапсени само осум малолетници, се вели во извештајот.

Италијанскиот истражувач Лоренцо Видино, експерт за радикален ислам, го нарече овој феномен „ТикТок џихадизам“ бидејќи социјалните медиуми се примарен медиум преку кој се шири џихадистичка пропаганда меѓу младите.

Во 2024 година, голем број млади луѓе биле уапсени за ширење џихадистичка пропаганда на социјалните медиуми.

Меѓу нив бил и 45-годишен марокански државјанин уапсен во Малага за водење на TikTok профил кој ширел пропаганда на Исламска држава, поттикнувал напади и промовирал регрутирање терористи.

Слични апсења се извршени во Теулада (Аликанте), Корнела (Барселона) и Колменар Виехо (Мадрид).

Вкупно, 81 лице е уапсено за џихадистички активности во Шпанија во 2024 година, што е најголем број од 2005 година.

Покрај тоа, осум лица се уапсени во соседните земји како резултат на истрагите на Националната полиција или Цивилната гарда.

Овие бројки ја прават Шпанија земја со најмногу апсења, пред Франција (69), Италија (62) и Германија (55), според шпанскиот портал.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата