Во шест држави на ЕУ се работи најмногу- нашите соседи со најкус просечен работен век

18.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во шест држави на ЕУ се работи најмногу- нашите соседи со најкус просечен работен век

Статистичката канцеларија на ЕУ соопшти дека ова варирало меѓу земјите-членки на ЕУ, при што шест земји регистрирале 40 години или повеќе.

Најдолгиот просечен работен век е забележан во Холандија (43,8 години), по што следат Шведска (43), Данска (42,5), Естонија (41,4), Ирска (40,4) и Германија (40).

Спротивно на тоа, најкраткиот работен век е забележан во Романија (32,7 години), Италија (32,8) и Хрватска, Грција и Бугарија (сите 34,8).

За мажите во ЕУ, просечниот работен век бил 39,2 години, најдолг во Холандија (45,7 години), Данска (44,2) и Шведска (40 години), додека најкраткиот бил во Романија (35,9), Хрватска и Бугарија (по 36 години).

За жените, просечниот работен век во ЕУ бил 35 години, при што најдолг е забележан во Естонија (42,2), Шведска (42) и Холандија (41,8), додека најкраток е во Италија (28,2), Романија (29,2) и Грција (31,1).

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата