Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе

31.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе

Северниот дел на Нигерија, по продолжена суша, на 29 мај беше погодена од обилни дождови кои предизвикаа поплави. Според локалните медиуми ситуацијата се влошила и поради уривањето на брана во соседниот град.

Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу изјави дека наредил формирање на национален кризен штаб за да се обезбеди итна помош за населението на поплавениот регион.

Операциите за пребарување и спасување се во тек, а сите федерални агенции се мобилизирани за да помогнат во напорите на властите на државата Нигер, наведе Тинубу, додавајќи дека за населението е обезбедена хуманитарна помош и привремено засолниште. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата