Во напад на украински дронови врз Ростов повредени четири лица

2.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во напад на украински дронови врз Ростов повредени четири лица

Во Ростов на Дон, како резултат на нападот избувна пожар на горните катови на две згради и беше извршена евакуација на населението, соопштија руските власти.

- Ноќеска нашите сили за противвоздушна одбрана одбија напад на беспилотни летала во Ростовскиот, Мјасниковскиот и Неклиновскиот округ. Тројца возрасни и едно дете побараа медицинска помош, но никој од нив не претрпе сериозни здравствени повреди, напиша Сљусар на Телеграм. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата