Во Кина наскоро пристигнува и Путин

14.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Кина наскоро пристигнува и Путин

Точните датуми на посетата ќе бидат објавени наскоро, во договор со кинеската страна, додаде Песков на прес-конференција во Москва.

„Наскоро ќе ги објавиме датумите. Посетата е во подготовка и може да се каже дека подготовките се веќе завршени, остануваат само последните детали. Ќе се одржи во многу блиска иднина“, рече тој.

Последната позната средба меѓу Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг се одржа на 4 февруари оваа година преку видео врска. Двајцата лидери потоа разговараа за билатералната соработка, глобалната безбедност и усогласувањето на ставовите за важни меѓународни прашања, како што се економските врски и стратешката стабилност.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата