По официјалната церемонија, разговорите што траеја повеќе од два часа и обиколката на Храмот на небото, за Трамп и неговата делегација беше одржан свечен банкет во „Златната соба“.
Фотографиите од внимателно поставените маси, со златни вилушки, лажици и ножеви, кружеа низ целиот свет, а сега е познато што Си Џинпинг им „сервираше“ на Трамп и неговата делегација за вечера.
Гостите прво ќе уживаат во предјадење, потоа во главно јадење кое се состои од јастог во доматна супа, крцкави говедски ребра, динстан сезонски зеленчук, бавно готвен лосос во сос од сенф, пржени свински лепчиња и, секако, специјалитетот - пекиншка патка.
За десерт, гостите можea да избираат помеѓу слатки колачи, тирамису, овошје и сладолед.
За потсетување, за време на својот говор на банкетот, американскиот претседател ја искористи можноста да го покани својот кинески колега Си Џинпинг да ги посети САД на 24 септември.
Во Пекинг, Трамп рече дека му е чест да упати покана до Си и кинеската прва дама Пенг Лијуан да ги посетат.
„Со нетрпение го очекуваме тоа. А сега би сакал да кренам чаша и да наздравам за богатите и трајни врски меѓу американскиот и кинескиот народ“, рече Трамп за време на државниот банкет што го организираше кинескиот лидер во Големата народна сала во Пекинг во чест на американскиот претседател за време на неговата официјална посета на Кина.
Си рече дека односите меѓу Кина и САД се „најважни во светот“ и предупреди дека двете страни не смеат да ги „расипат“.
„Денес, претседателот Трамп и јас имавме длабински дискусии за односите меѓу Кина и САД и меѓународната и регионалната динамика. Двајцата веруваме дека односите меѓу Кина и САД се најважните билатерални односи во светот. Мора да ги направиме успешни и никогаш да не ги расипеме“, рече кинескиот претседател.
Си Џинпинг рече дека и Кина и САД „можат да победат преку соработка и да изгубат преку конфронтација“.
„Нашите две земји треба да бидат партнери, а не соперници“, рече кинескиот лидер.
Си, исто така, рече дека тој и Трамп се согласиле да изградат „конструктивен однос на стратешка стабилност“ меѓу двете земји за да се поттикне „стабилен, здрав и одржлив развој“ на билатералните односи и да се донесе повеќе мир, просперитет и напредок во светот.

