Во израелски напад врз јужен Либан загинаа најмалку 12 медицински работници

14.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во израелски напад врз јужен Либан загинаа најмалку 12 медицински работници

Нападот се случи во градот Бурџ Калавија, каде е погоден регионалниот здравствен центар.

Во текот на ноќта израелската армија нападна и други цели во јужен Либан. Израелската армија соопшти дека погодила магацин за оружје на подрачјето Ал Маџадел.

Во меѓувреме, Иранската новинска агенција (ИРНА) објави дека Иран заедно со Хезболах денеска го извршуваат 48-иот бран напади врз Израел. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата