Иранска влада: Во досегашните израелско-американски напади уништени речиси 43.000 цивилни објекти

14.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иранска влада: Во досегашните израелско-американски напади уништени речиси 43.000 цивилни објекти

Организацијата на иранската Црвена полумесечина претходно објави дека овој број вклучува и 36.500 станбени згради, објави Ал Џезира.

Портпаролката на иранската Влада, Фатемех Мохаџерани, изјави дека само во Техеран се погодени околу 10.000 згради.

Таа додаде и дека се погодени 43 здравствени установи, од кои 32 се клиники.

Портпаролката на владата изјави и дека досега во нападите се погодени 120 училишта, додека бројот на загинати ученици и наставници се зголеми на 206.

Мохаџерани изјави и дека најмалку 223 жени се убиени во нападите против Иран досега.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата