Досега нема извештаи за жртви. Предупредувања за цунами се во сила за неколку други земји.
Силен земјотрес го погоди рускиот полуостров Камчатка на брегот на Пацификот. Според рускиот регионален министер за вонредни состојби, Сергеј Лебедев, цунами бран висок од три до четири метри потоа ги погодил крајбрежните делови на полуостровот, кој се наоѓа на далечниот исток на Русија. Според Руската академија на науките, тоа бил најмоќниот земјотрес на Камчатка од 1952 година. Се претпоставува дека цел месец ќе има дополнителни потреси, кои би можеле да достигнат јачина до 7,5 степени.
Во Русија, според гувернерот Валериј Лимаренко, првиот бран цунами го погоди крајбрежниот регион Северо-Курилск, населба на руските Курилски Острови во Тихиот Океан. Тој рече дека жителите се безбедни и бараат повисоки места додека не помине заканата од друг бран. Поплавено е едно пристаниште. Владата на регионот Сахалин прогласи вонредна состојба за Севернокурилската област. Видео објавено на руските онлајн мрежи покажа згради најверојатно потопени од морска вода. Државните медиуми објавија дека неколку лица се повредени од земјотресот, но никој нема тешки повреди. Досега нема извештаи за жртви.
NOW - Tsunami waves hit Russian coast along Severo-Kurilsk. pic.twitter.com/1cxuFHohVL
— Disclose.tv (@disclosetv) July 30, 2025
Јапонската метеоролошка агенција објави дека очекува цунами бран висок до три метри долж поголемите крајбрежни области. Првично, цунами бранови од 50 сантиметри беа регистрирани по должината на брегот на североисточната префектура Мијаги, а бранови до 40 сантиметри беа регистрирани и во други префектури, како што се Фукушима, Хокаидо и Аомори, јави јапонската телевизија НХК.