Видео: Путин преку Магадан патува за Алјаска, Трамп објави дека во прашање се „високи влогови“

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Путин преку Магадан патува за Алјаска, Трамп објави дека во прашање се „високи влогови“

Пораката беше објавена на платформата „Трут соушал“, каде што Трамп често комуницира со јавноста. Белата куќа соопшти дека во делегацијата што ќе го придружува се државниот секретар Марко Рубио, секретарот за трговија Хауард Латник и директорот на ЦИА, Џон Ратклиф.

Путин, пак, на пат кон Алјаска слета во рускиот далечен исток, во регионот Магадан, каде што, според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реализира „целосна регионална посета“, вклучувајќи обиколка на индустриски погон и средба со гувернерот на регионот. Патувањето од Москва до Магадан трае околу осум часа, а од таму до Анкориџ уште четири часа.

Заради преминувањето на повеќе временски зони, Путин денеска има „два петоци“ – едниот во Магадан, а вториот во Анкориџ, каде што ќе се одржи самитот.

Во изјава пред новинарите во Белата куќа, Трамп изрази уверување дека Путин сака мир во Украина и дека нема да „си игра“ на средбата.

– Ќе дознаеме многу брзо каде стоиме – во првите две, три, четири или пет минути... Ако состанокот е лош, ќе заврши многу брзо. Ако е добар, ќе постигнеме мир во блиска иднина, рече Трамп, додавајќи дека војната во Украина „никогаш не требало да се случи“.

Трамп повтори дека, доколку тој бил претседател во 2022 година, Русија немало да ја започне целосната инвазија врз Украина, тврдејќи дека Путин „нема да се задева“ со него.

Русија веќе три и пол години се обидува да ја заземе цела Украина, но досега има под контрола околу една петтина од нејзината територија, по цена на над еден милион жртви меѓу руските војници, според податоците на британското Министерство за одбрана и американскиот Центар за стратешки и меѓународни студии. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата