Синдикатите на земјоделците бараат „конкретни и итни мерки“ за заштита на прехранбената безбедност на Франција.
Портпаролката Мод Брежон изјави дека Владата набрзо ќе изнесе новите мерки за помош на земјоделците.
Претседателот Емануел Макрон и неговата Влада се против трговскиот договор ЕУ – Меркосур, што треба да биде потпишан на 17 јануари во Парагвај. Договорот поддржан од поголемиот број земји-членки на ЕУ.
Европските земјоделци подолго време го критикуваат договорот со Бразил, Аргентина, Боливија, Парагвај и Уругвај, тврдејќи оти со тоа ќе се преплави пазарот со евтини увозни производи.

