Видео: Полицијата го затвори автопатот Ерусалим-Тел Авив поради пожар кај Ерусалим

30.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Полицијата го затвори автопатот Ерусалим-Тел Авив поради пожар кај Ерусалим

Градовите на околу 30 километри западно од Ерусалим се евакуирани, јавија израелските медиуми, прикажувајќи снимки од пожарникари кои се борат со пламенот.

Високата температура и силните ветрови предизвикаа брзо ширење на пожарот во шумските области, што доведе до евакуација на најмалку пет места, се наведува во соопштението на полицијата.

- Екипи на итна помош, единици за интензивна нега и возила за итни интервенции пружаат медицинска поддршка на пожарникарите во близина на Неве Шалом и Ештаол, пошумени области западно од Ерусалим, се наведува во соопштението на службата за итни случаи и се додава дека нема жртви.

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир, кој ја надгледува противпожарната служба, го посети местото на пожарот, се вели во соопштението.

Минатата недела, додека пожарите во истата област се приближуваа кон Ерусалим, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека го разгледува барањето за меѓународно засилување пред пожарите конечно да бидат ставени под контрола.

Пожарите се чести во Израел во текот на пролетта и летото поради високите температури. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата