Видео: Најмалку 22 лица загинаа во пожар во ресторан во Кина

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Најмалку 22 лица загинаа во пожар во ресторан во Кина

Не е наведена причина за пожарот.

Како што пренесе Бета, голем број регионални политичари ветиле дека истрагата ќе биде целосна и оти одговорните ќе бидат строго казнети.

Лијаојанг е во „појасот на ’рѓа“, поранешен индустриски центар кој западна во тешкотии, со огромен одлив на население.

Пожарите се честа појава во Кина, обично затоа што персоналот ги игнорира прописите поради лоша обука или притисок од претпоставените.

Лошо одржуваната инфраструктура, нелегално складираните хемикалии и недостигот на противпожарни излези и средства за гаснење се фактори што водат до вакви катастрофи, а сите тие често се поттикнати од корупција.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата