Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Венеција бара „идиот“: Градоначалникот рече дека ќе го истушира и ќе му даде „диплома за глупост“

26 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунаро на Твитер објави дека полицијата трага по маж кој по боксерки скокнал од врвот на трикатница во еден од венецијанските канали.

Брунаро ветил дека ќе му даде „диплома за глупост“ на, како што тој го нарече „идиот“ за кој мислел дека е турист и дека ќе го удри неколку пати, пишува Си-Ен-Ен.

Тој изјави дека „идиотот“ кој скокнал и тој што го снимил ова видео ќе бидат уапсени. Градоначалникот на Венеција ги повика граѓаните да помогнат да се идентификуваат бараните лица и ги замоли да не го „лајкнуваат“ споменатото видео кое во меѓувреме стана вирално.

Минатата година, повеќе од 40 туристи беа уапсени за пливање во каналите во Венеција, а еден маж беше затворен поради обид да сурфа на каналот Гранд.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ