„Денеска потпишав Извршна наредба за почеток на првата програма за самодепортација во историјата. Илегалните странци кои ќе останат во Америка ќе се соочат со казни, вклучувајќи ненадејна депортација, на место и на начин што исклучиво ние ќе го избереме“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.
Тој, исто така, нагласи дека сите илегални странци треба „веднаш да резервираат бесплатен лет“.