Од друга страна, кинескиот вицепремиер Хе Лифен изјави дека преговорите во Женева биле отворени, длабински и конструктивни.
Грир потсети дека минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „национална вонредна состојба“ поради огромниот трговски дефицит со Кина, кој изнесува 1,2 трилиони долари.
- Убедени сме дека договорот што го постигнавме со нашите кинески партнери ќе ни помогне да работиме на решавање на оваа национална вонредна состојба, додаде Грир.
Претходно, американскиот министер за финансии Скот Бесент, кој исто така беше во Женева, изјави дека е постигнат „значителен напредок“.