Посетата е на покана на британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга, кралицата Камила. Кралската двојка беше во официјална посета на Франција пред две години.
За време на посетата, Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ќе претседаваат со 37-от француско-британски самит, на кој ќе учествуваат и министри од двете земји.
Макрон и Стармер ги предводат напорите за осигурување на гаранции за безбедноста на Украина во случај на евентуален мировен договор таму. Двајцата лидери беа во Киев на 10 мај, заедно со лидерите на Полска и Германија.