Таткото на момчето требало да го остави во градинка вчера наутро пред да оди на работа во воздухопловната база Истр, објави Фигаро.
Мажот ја сфатил својата грешка кога неговата сопруга го повикала попладнето да го праша зошто детето не е во градинка. Тој го пронашол безживотното тело на својот син во автомобилот, а обидите да го оживеат не успеале.
Службите за итни случаи ја навеле дехидрацијата како причина за смртта. Таткото е во притвор под обвинение за убиство од небрежност.