Уставниот суд на Романија ги потврди резултатите од првиот круг на претседателските избори

9.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уставниот суд на Романија ги потврди резултатите од првиот круг на претседателските избори

Уставниот суд на Романија денес ги потврди резултатите од првиот круг од претседателските избори одржани на 4 мај во таа земја, на кои, според изборната комисија, победи кандидатот на крајната десница Георге Симион, а независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт, Никосор Дан, исто така се квалификуваше за вториот круг, кој ќе се одржи на 18 мај.

Судот во соопштението наведува дека едногласно ги потврдил резултатите од првиот круг од романските претседателски избори и дека го отфрлил како неосновано барањето за поништување на првиот круг од изборите поднесено од претседателскиот кандидат Себастијан-Константин Попеску, објави „Агерпрес“.

Централното изборно биро (ЦЕБ) ги објави конечните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои Симион добил 3.862.761 глас или 40,96 проценти, а Никусор Дан 1.979.767 гласови или 20,99 проценти.

Откако Уставниот суд на Романија ги потврди резултатите од првиот круг од претседателските избори, официјално започнува изборната кампања за вториот круг.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата