Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

6.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Европската унија е подготвена да ги брани своите интереси со пропорционални контрамерки на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со британскиот премиер Кир Стармер.

Таа најави дека ЕУ ќе соработува со своите партнери за да ја постигне таа цел.

Фон дер Лајен истакна дека 27-те земји-членки на ЕУ се посветени на блиска соработка со Велика Британија во областа на безбедноста и одбраната и изрази загриженост за Русија, која, според неа, ги попречува мировните напори во Украина.

Taa на 24 април во Лондон ќе се сретне и со британскиот премиер Стармер по повод Меѓународниот самит за иднината на енергетската безбедност. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата